Мурињо за Џеко: Ме потсетува на мене кога бев помлад – кога јас правев такви работи, секогаш добивав црвен картон

од Vladimir Zorba
32 прегледи

Турски Фенербахче победи со 4:3 на гостувањето кај швајцарски Лугано во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите на УЕФА.

Веројатно најдобар поединец во тимот на Жозе Мурињо беше Един Џеко. 38-годишниот босански напаѓач постигна „хет-трик“ на првиот натпревар од сезоната, што го воодушеви неговиот тренер.

„Един играше многу, многу добро. Да постигнеш три гола на секој натпревар е фантастична работа. Тој човек не старее. Ме потсетува на мене кога бев помлад. Многу зборува, премногу се жали. Има емоции како млад човек и е среќен затоа што кога јас правев такви работи, секогаш добивав црвен картон“, изјави Португалецот.

Џеко продолжи: „Мурињо е одличен лик и во него има различни личности. Смешен е кога се шегува, а кога е лут, навистина е лут“, изјави легендарниот центарфор и се пожали на теренот во Швајцарија. Имено, се работи за подлога со вештачка трева: „Неприфатливо е да се игра на ваков терен. Не дадовме се од себе и примивме рано гол. Три примени гола се премногу, но мислам дека овој резултат е многу добар”

Слични содржини