Мурињо добива уште едно засилување: Вајналдум на прагот на Рома

од Vladimir Zorba
243 прегледи

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо сака да го засили играчкиот кадар пред почетокот на новата сезона, а во Рим досега пристигнаа Немања Матиќ, Миле Свилар, Зеки Челик и Пауло Дибала.

Италијанските медиуми денеска пишуваат дека Вајналдум е на прагот на Рома, а трансферот би можел наскоро да биде комплетиран. Холанѓанецот реши да го напушти Пари Сен Жермен по само една сезона, откако се согласи да се раздели со челниците на францускиот шампион.

Останува да се утврди дали Вајналдум ќе замине на позајмица или договорот ќе го откупи друг клуб. Италијанските медиуми пренесуваат дека претседателот на Рома, Ден Фридкин е директно вклучен во преговорите со францускиот шампион.

Вајналдум (31) минатата година пристигна во ПСЖ од Ливерпул, а со „светците“ има договор до 2024. Пред Ливерпул настапуваше за Њукасл, ПСВ и Феенорд.

Холандскиот фудбалер минатата сезона одигра 38 натпревари во дресот на „светците“ и постигна три гола.

Слични содржини