Португалскиот фудбалски стручњак, Жозе Мурињо, откако го презеде тренерско кормило во премиерлигашот Тотенхем, повторно работи со исто темпо како пред паузата.
Мурињо смета дека поради лошиот старт на сезоната, тешко ќе биде да се најдат меѓу првите четири на табелата, но сега веќе тоа не е толку тешко остварливо, и среќен е што ја работи професијата која ја сака, и што работниот ден му трае повеќе од 10 часа.
-Среќен сум што секој ден работам од 7.30 часот до 18.30. Среќен сум што работам тука, со играчите, што спијам тука после мечеви, со помошниците ги анализираме мечевите и се подготвуваме за наредниот, изјави Мурињо, кој најавува дека од следната сезона, кога сите ќе почнат без бодови, приказната ќе биде поинаква и Тотенхем ќе се бори за врвот.