Мурињо е загрижен за многуте повредени во тимот

од Aleksandar Petrovski
170 прегледи

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо е загрижен за многуте повреди во составот на Спарси. Тој изјави дека ниту Лукас Моура ниту Хон-Мин Сон не биле соодветни алтернативи за Хари Кејн. Лондонскиот тим е без победа во последните три натпревари, а вчера ремизираа со Мидлзборо за ФА Купот и ќе треба да го преигруваат дуелот.

Покрај Кејн, во тимот со повреди се и Танги Ндомбеле, Уго Лорис и Дани Роуз.

„Мораме да се справиме со она што го имаме. Момчињата направија што можеа. Не можете да ги претворите Лукас или Сон во „деветка“ како Хари Кејн. Ние ги сменивме работите и ризикувавме. Немавме ниту играч од средниот ред во последните 30 минути од натпреварот. Игравме со шест офанзивни играчи“, изјави Мурињо по ремито со Боро. „Беше тежок меч. 1-1 не е катастрофа. Имаме премногу повредени. Ги зедов играчите што беа на располагање“, додаде Португалецот.

Тотенхем е шестопласиран во Премиер лигата, иако загубија три и одиграа нерешено еден на последните седум натпревари. Во сабота, тие се домаќини на лидерот во рангот – Ливерпул.

Слични содржини