Мурињо: Фелаини „речиси“ го продолжи договорот

од Vladimir Zorba
219 прегледи

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Маруан Фелани е многу близу до потпишување на нов договор со клубот и ставање крај на шпекулациите околу неговата иднина, откри менаџерот на „црвените ѓаволи“ – Жозе Мурињо.

Сегашниот договор на 30-годишниот Белгиец истекува по крајот на оваа сезона, а двете страни веќе неколку месеци преговараат за нов договор.

Фелаини, кој вчера ја донесе победата на Манчестер Јунајтед на дербито со Арсенал (2:1), сака подолгорочен договор, но клубот не се согласува со вакво нешто. Поради оваа причина, неодамна беше кажано дека халфот сигурно ќе замине во текот на летото. Очигледно, двете страни веќе постигнале некаков договор и еден од омилените играчи на Мурињо ќе остане на „Олд Трафорд“.

– Речиси сите се согласуваат, но нема да можам да славам бидејќи „речиси“ не е доволно. Сакам да видам бел лист со амблемот на Јунајтед и потписите на Ед Вудворд и Маруан Фелани. Мислам дека играч, кој ја става раката на амблемот по постигнат гол, јасно покажува дека тој сака да остане. Јас сакам да остане, клубот сака исто. Мислам дека ќе остане, рече Мурињо.

Слични содржини