Мурињо го пофали Солскјер за „феноменалниот резултат“ во Париз

од Vlatko K
180 прегледи

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо го пофали својот наследник Оле Гунар
Солскјер за победата на тимот во Париз, со кој „црвените ѓаволи“ го елиминираа големиот фаворит
ПСЖ и се пласираа во 1/4-финалната фаза на Лигата на шампионите. Од Португалецот беше
побарано да ги избере фигурите кои биле „специјални“ (се алудира на неговиот прекар – н.з.), за
време на дуелите во Европа во текот на неделата.


„Во однос на играчите веднаш ќе ми текне на Душан Тадиќ, бидејќи тој беше клучен играч во еден
неверојатен натпревар. Но мислам дека, независно од претставувањето, резултатите кои ги
постигнаа Ајакс и Манчестер Јунајтед се феноменални. Одговорноста како за лошите моменти,
така и за добрите, е на менаџерите. Поради оваа причина за мене специјални беа Ерик тен Хаг и
Солскјер. Неверојатни резултати“, прокоментира Мурињо.

Уште еднаш Специјалниот беше запрашан и за тоа кога ќе се врати кон тренерската професија. Во
последните денови упорно се тврди дека тој е на чекор од враќање во Реал Мадрид. Мурињо изјави
дека не брза и најверојатно ќе започне со работа во текот на летото.

„Шпекулациите си се шпекулации. Искрено, не знам. Ситуацијата е многу опуштена за мене.
Воопшто не мислам во моментов да работам. Учам и правам работи кои не можам да ги правам
кога сум на работа. Не знам, веројатно во текот на летото, за една среќна предсезонските
подготовки – јуни, јули. Сега не можам да кажам ништо. Ветувам дека ако некој ден има што да
кажам, ќе ве известам“, заврши тој