Тотенхем испадна од Лигата на Европа со пораз од Динамо, во англиските медиуми се пишуваше многу за судбината на Жозе Мурињо, за кого многумина веруваат дека мора да ја напушти клупата на лондонскиот клуб.
Фановите на Спарс не се задоволни, а Мурињо одговори на критичарите на свој начин во изјавата објавена на Твитер од „Фудбал дејли“.
„Не верувам дека некој би разговарал за ракети со луѓе од НАСА, но многу луѓе ширум светот сметаат дека можат да разговараат за фудбал со еден од најдобрите менаџери во светот“, рече Мурињо.
🗣 "I don't think anybody is going to discuss rocket science with the guys from NASA, but everyone around the world thinks they can discuss football with one of the most important managers in the game."
Jose Mourinho sums up his thoughts of his critics pic.twitter.com/IfY0NYjHmI
— Football Daily (@footballdaily) March 26, 2021