Мурињо лут на Фулам: Дали сте озбилни?

од Stefanija Kuzmanovska
287 прегледи

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо реагираше на негодувањето на Фулам кој, според нивните наводи, бил доцна известен дека ќе ја игра утакмицата во среда навечер.

Дуелот помеѓу Тотенхем и Фулам првично требаше да се игра на 30 декември, но беше откажан поради голем број играчи заразени со коронавирусот.

Истиот случај е и сега пред планираниот дуел помеѓу Тотенхем и Астон Вила, па Премиер лигата одлучи дека е вистинско време да се одложи натпреварот Тотенхем – Фулам.

„Најголемо влијание има одложувањето на натпреварите. Менувањето на распоредот има минимално влијание, бидејќи на крајот сите ќе имаат 19 натпревари дома и на гости. Ако ова ќе ѝ помогне на Премиер лигата да ја заврши сезоната како што треба, тогаш ова решение е позитивно“, изјави Мурињо.

Мурињо го потсети Фулам на начинот на кој нивниот натпревар беше одложен на 30 декември.

„Дали сте озбилни? Добивме вест за одложување на мечот против нив само два часа пред да се започне дуелот“, се пожали Мурињо.

Португалецот ја коментираше и изјавата на Месут Озил дека повеќе би сакал да се повлече отколку да дојде во Тотенхем.

„Кој му рече дека Тотенхем е заинтересиран за него?“, возврати Мурињо.

Слични содржини