Мурињо може да здивне, Јунајтед го победи Брајтон во ФА Купот

од Vladimir Zorba
278 прегледи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед може да здивне малку, откако „црвените ѓаволи“ го победија со 2:0 Брајтон во ФА Купот и успеаја да се квалификуваат за 1/2-финалето на турнирот. Головите кои беа постигнати на натпреварот беа за Лукаку (37) и Матиќ (84).

Јунајтед победи, но повторно не импресионираше со својата игра, откако на моменти дури гостите ја диктираа играта и само нивната непрецизност ги спасија домаќините.

Така „црвените ѓаволи“ барем делумно им надоместија на своите фанови, откако во текот на неделата беа исфрлени од Севиља од Лигата на Шампионите.

На овој начин Мурињо се уште може да освои трофеј оваа сезона и тоа да биде ФА Купот, кој го освои во 2007 година, како тренер на Челзи. За последен пат, Јунајтед го подигна трофејот во 2016 година, под водство на Луис ван Гал.

Гостите од Брајтон заслужуваат само пофалби за нивната изведба. „Галебите“ ги елиминираа Кристал Палас, Мидлзборо и Ковентри, за да стигнат до 1/4-финалната фаза за прв пат по 32 години, но таму загубија од Јунајтед, против кого немаат победа од 1982 година.

Во првиот меч за денот, Тотенхем оди во следната фаза на најстарото натпреварување во Англија по победтата над Свонси со 3:0 на гостински терен.

Ериксен постигна два гола, а еден додаде Ерик Ламела.

Слични содржини