Шефот на стручниот штаб на Рома, Жозе Мурињо вети дека на 18-годишниот фудбалер Феликс Афена-Гијан ќе му купи патики од 800 евра, кои навистина ги посакува, бидејќи во неделата ѝ донесе победа на „волчицата“.
Рома во неделата славеше на гости кај Џенова со 2:0, а двата гола во финишот на мечот ги постигна младиот фудбалер која претходно во игра влезе од клупата за резерви.
Затоа „Специјалниот“ реши да му ја исполни желбата на младиот играч од Гана.
Jose Mourinho honours promise.
Delivers €800 boot to Felix Afena Gyan 😆 ❤ pic.twitter.com/jBcVPFDAtn
— Saddick Adams (@SaddickAdams) November 22, 2021
– Сонуваше за тие патики, па си помислив: „Ајде да го направам тоа“, рекол Мурињо.
Патувањето на Гијан до Стариот континент бил многу тежок. До јануари 2021 година, Гијан играл за репрезентацијата на неговото средно училиште во Гана. Едноставно, клубовите во Африка немаат свои млади тимови, што е една од причините поради која недоволно тактички обучени доаѓаат во Европа.
Така било и со Феликс, кој бил забележан од луѓе од Академијата ЕурАфрика, а потоа преку тамошните менаџери пристигнал во Рома.
Тој бил понуден и на Милан, но тие не обрнале внимание. Од друга страна, Морган Де Санктис – сега еден од скаутите на Вучица – бил воодушевен и Феликс Афена и тој потпишал за Рома во јануари 2021 година.