Тренерот на Рома, Жозе Мурињо не ја криеше радоста по победата од 1-0 против Феенорд во финалето на Лигата на конференциите. Под водство на Специјалниот, Рома, го освои својот прв трофеј од 2008 година и прв во историјата на европските турнири, со исклучок на Купот на саемски градови во 1961 година.
„Напишавме историја. Ова е турнир на кој верувавме дека можеме да победиме од самиот почеток. Не беше лесно. Со секое коло противниците стануваа се потешки“, изјави среќниот Мурињо за Sky Sport по триумфот.
„Многу работи ми поминуваат низ главата во моментов. Се чувствувам како вистински Романиста. Без оглед на гласините, останувам во Рома. Ќе одбијам секаква понуда. Клубот има прекрасни сопственици и оваа приказна мора да продолжи. Проектот се развива и ни претстои многу работа следната сезона“, додаде 59-годишниот Португалец.
„Најважни се меѓународните трофеи, а само јас и Трапатони имаме пет. Се чувствувам стар. Првпат го освоив европскиот клупски турнир во 2003 година, сега сме во 2022 година. Морам да уживам во успехот и да се излежувам плажа“, изјави Мурињо.