188
Фудбалерите на Рома со тесна победа на гостувањето кај Салернитана ја отворија новата сезона во Серија А, а колку тој триумф му значеше на Жозе Мурињо доволно говори и наградата која им ја додели на сите во тимот по натпреварот.
Мурињо нарача 60 пици за играчите и целиот стручен штаб, покажувајќи уште еднаш како знае да ги награди своите фудбалери и соработници за добро завршената работа.
Да потсетиме, минатата сезона Мурињо му купи патики на младиот Феликс Афени-Дјан, кои беа голема желба на напаѓачот откако го постигна деби голот за „волците“.
Летово во Рома пристигнаа и српските фудбалери Немања Матиќ и Миле Свилар. Матиќ влезе од клупата во 68. минута од натпреварот, додека голманот цел натпревар седеше на клупата.