Порано беше господин Специјален, а сега неговата кариера е во опаѓање. Жозе Мурињо не успеа да стори ништо со Тотенхем, тој не беше ни близу до резултатите што ги направи Маурисио Почетино пред него.
Пред тоа, тој со Манчестер Јунајтед ги зеде Лига Европа и два домашни купа, што не се лоши резултати, но не се во согласност со очекувањата на „Олд Трафорд“.
Португалскиот стручњак, по отказот во Тотенхем, не остава впечаток на потресен човек, но реши да паузира од фудбалот. Можеби е време за малку преиспитување.
„Не планирам. Ќе продолжам да водам нормален живот. Се чувствувам свеж, смирен сум. Јас сум на одмор. Ќе имам повеќе време да правам работи дома и за анализа“, изјави Мурињо за „Тајмс“.
И тој рече дека не брза да избере нов клуб.
„Ќе почекам со враќањето во фудбалот. Не мислам на избор на вистински клуб, туку на вистинска култура. Можеби е премногу рано да се вратам следната сезона, ќе видам“, истакна Мурињо.
Можеби е премногу рано, но нема индикации дека некој сериозен клуб во моментов е заинтересиран за некогаш најбараниот тренер во светот …