Мурињо незадоволен од судиите по ремито со Наполи

од Vladimir Zorba
243 прегледи

Португалскиот тренер на Рома, Жозе Мурињо го изрази своето незадоволство од арбитражата при ремито 1-1 против Наполи како гостин во натпреварот од 33. коло во Серија А. Римјаните го загубија натпреварот, но стигнаа до реми во дополнителното време.

„Да, бев среќен поради ремито, бидејќи во текот на натпреварот се чинеше невозможно мојот тим да постигне позитивен резултат. Не затоа што игравме лошо, но изгледаше невозможно да се промени ситуацијата. Сакавме повеќе, но го постигнавме можното. Не сакам да зборувам за судиите. Се срамам понекогаш да застанам до нив на аут-линијата “, вели Специјалниот.

„Мора да покажат барем малку почит. За жал, не се претставивме добро во некои периоди од сезоната за да ја освоиме титулата, но имаме право да се бориме за победа во нашите натпревари. Денеска ни е одземено ова право“, прокоментира Мурињо.

Слични содржини