158
Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо изјави дека напаѓачот на „Спарс“, Хари Кејн, може да се опорави од повредата на задниот дел од левиот бутен мускул пред крајот на сезоната. Португалецот го очекува Кејн во составот во претпоследното, 37. коло од Премиер лигата.
Претходно во медиумите се појавија информации дека за Кејн е завршена сезоната.
- Хари може да се врати на натпреварот против Лестер на 9 мај. Можеби оваа средба ќе биде важна за нас. Можеби ќе се бориме за 4. место, или за 5., или за 6. Се надевам дека Кејн може да ни помогне на овој меч. Никој не го притиска, тој мирно се опоравува, јас едноставно имам претчувство. На пример, ако размислите за Лорис, тогаш неговото враќање се очекуваше во февруари, а на крајот тој излезе на теренот во јануари, изјави Мурињо.
Во сезоната 2019/20 година, 26-годишниот Кејн има 17 голови и 2 асистенции на 25 натпревари за Тотенхем.