174
Кристијан Ериксен ја напушта англиската фудбалска сцена и наредна станица во неговата кариера е Интер, објави „Газета дело Спорт“.
Данскиот репрезентативец со месеци е желба на „нероаѕурите“ кои, сепак, успеаја во намерата и ги обезбедија неговите услуги за 18 милиони евра. Тој одби да го продолжи договорот со „спарси“ кој траеше до крај на сезоната.
На 27 годишниот Ериксен, кој беше мета и на ПСЖ и на Реал Мадрид, му преостанува да ги договори уште личните услови со калчолигашот кој во Данецот ќе има силен адут во борбата со Јувентус за Скудетото.