Мурињо: Оваа година славам илјада натпревари и ќе му го донесам трофејот на Тотенхем

од Stefanija Kuzmanovska
375 прегледи

Каде е Жозе Мурињо, таму се и пехарите. Ги освои во Порто, Челси – во двата мандати – Интер, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Вкупно 25. Тој е мотивиран да ја зголеми својата богата колекција и додека е на клупата на Тотенхем.

Оваа сезона му остануваат уште две шанси. Првата ќе му се укаже во финалето од Лига купот против Манчестер Сити (25 април), а втората евентуално во Гдањск на 26 мај, под услов прво да го елиминира загрепскиот Динамо, а потоа да помине уште две станици во Лигата на Европа.

Португалецот гледа посебен мотив во фактот што клубот, кој во моментов го предводи 13 години, чека триумф во некое натпреварување, откако Хуанде Рамос славеше во Лига купот во 2008 година.

„Би сакал да бидам дел од тимот што ќе му го донесе трофејот на Даниел Леви. Не е фер да се суди на претседателот, извршниот директор или сопственикот на клубот врз основа на тоа дали и колку трофеи освоил за време на неговиот мандат, бидејќи освојувањето на пехарот често зависи од други околности“, спокојно вели Мурињо.

Тој додава дека менаџерите имаат друга работа, а дека на тренерот е да ги бележи што подобри резултати.

„Успехот во фудбалот може да се гледа на различни начини, но не можете да негирате сè што Леви направи за клубот, без оглед на тоа колку трофеи донесе. Тотенхем е голем, огромен, на повеќе нивоа, брилијантно организиран клуб, сето тоа како последица на раководството на Дани. Понекогаш не треба да заклучуваме само врз основа на трофеи, иако тие се бибер на фудбалот, и секако дека сакам да ги освојам“.

Како што Даниел Леви е мотивиран да го прекине сушниот период на „Пејачите“, така и Жозе Мурињо е инспириран од фактот дека наскоро ќе прослави редок јубилеј: 1.000 натпревари во неговата кариера. Тој во моментов е на ниво од 988 и би сакал големото достигнување да се совпадне со триумфот на некој важен натпревар.

„Не сум добар кога станува збор за статистика, но знам дека ќе водам 1.000 натпревари до крајот на оваа сезона.  Бидејќи до сега имав среќа да освојам многу трофеи, би било убаво поради претседателот да го прославиме јубилејот со донесување на трофејот во Тотенхем. Ќе се обидеме, ќе видиме дали ќе успееме“.

Слични содржини