Тренерот на Рома, Жозе Мурињо беше воодушевен по првиот натпревар во новата сезона. „Волците“ освоија важни три бода на гостувањето кај Удинезе, а победничкиот гол го постигна Брајан Кристанте. Пауло Дибала ја погоди стативата на своето деби за тимот, Николо Заниоло исто така промаши неколку шанси, а на Жоржињо Вајналдум му беше поништен гол поради офсајд.
„Се ми се допадна. Нормално, ќе бев посреќен да победевме со 3-0 или 4-0, но важно беше што можевме да ја контролираме играта и да делувавме разумно“, изјави Мурињо.
„Обично кога промашувате неколку чисти голови, не завршува добро, но не моравме да страдаме во овој случај. Не можам да не кажам дека Дибала и Заниоло одиграа многу силен натпревар и покрај грешките што ги направија. Секако дека би сакал да имам еднакви напаѓачи кои ќе се менуваат на теренот. Манчестер Сити, Ливерпул и неколку италијански клубови можат да си го дозволат тоа“, рече Мурињо и јасно стави до знаење дека сака раководството да го ангажира Андреа Белоти.