Мурињо почна да рапува, се појави на спот (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
199 прегледи

Жозе Мурињо, еден од најуспешните фудбалски тренери на денешницата, одлично се снајде во новата улога. Тој сними спот со британскиот рапер Стормзи.

Специјалниот, како што го нарекуваат Жозе Мурињо во фудбалските кругови, ја изненади спортско-музичката светска јавност. Поранешниот тренер на Порто, Челзи, Реал Мадрид, Интер, Манчестер Јунајтед и Тотенхем кој успешно работи во Рома зазема централно место во спотот на Стормзи за синглот „Mel Made Me Do It“.

Додека камерата се приближува кон Мурињо, Стормзи цитира една од најпознатите реплики во кариерата на трикратниот шампион во Премиер лигата, рапувајќи:

– Претпочитам да не зборувам како да сум Жозе.

Оваа реченица Португалецот ја изговори во 2014 година, кога беше лут поради поразот на Челзи од Астон Вила. Потоа ја изговори иконската реплика:

– Навистина претпочитам да не кажам ништо, ако зборувам, ќе имам проблеми, големи проблеми, а не сакам да имам проблеми.

Жозе Мурињо на социјалните мрежи се пофали со заеднички фотографии со Стормзи, од снимањето на видеото.

– Беше одлично и забавно да се работи со Стормзи и да се снима новиот спот. Навистина убаво си поминав.

Слични содржини