165
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо планира да ја промени одбраната на тимот за следната сезона.
Португалецот остана крајно разочаран од претставувањето на дел од играчите во одбранбената линија на тимот, најмногу од тоа на англиските репрезентативци Крис Смолинг и Фил Џонс, соопштува британскиот печат.
Мурињо се надева дека ќе ги доведе на „Олд Трафорд“ Французинот Рафаел Варан од Реал Мадрид, а варијанта пред португалскиот менаџер е и дефанзивецот на Лестер, Хари Мегваер.
Од централните дефанзивци во тимот сигурно останува само Ерик Баји кој лекува повреда веќе 3 месеци, и Виктор Линделоф, кој беше привлечен во лето од тимот на Бенфика.
Сепак, судбината на аргентинскиот репрезентативец, Маркос Рохо останува неизвесна.