471
Новиот тренер на фудбалскиот клуб Рома, Жозе Мурињо, ќе се обиде да го донесе во тимот српскиот играч Немања Матиќ, кој моментално игра за Манчестер Јунајтед, објавија денес италијанските медиуми.
Мурињо ќе ја преземе функцијата тренер на римскиот тим од следната сезона, а договорот е потпишан за три години.
Според извештаите во медиумите, Рома веќе стапила во контакт со англискиот клуб, прашувајќи за 32-годишниот играч за врска.
Матиќ веќе соработуваше со Мурињо во Челси и Јунајтед, а неговиот договор со клубот истекува во јуни 2023 година.