Мурињо призна за прв пат: Треба да се бориме за второто место (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо веќе се помири со мислата дека неговиот тим нема да може да се носи со лидерот Манчестер Сити, кој има предност од 15 поени на врвот во Премиер лигата. По поразот од Тотенхем во текот на неделата, денес Португалецот постави цел пред тимот да го задржи второто место во првенството.

„Овој натпревар се покажа важен за нас, бидејќи ние имаме потреба од поени. Мора да се обидеме да завршиме на второто место, бидејќи цела сезона бевме на оваа позиција. Првите неколку недели бевме први, но во останатото време го заземавме второто место. Нема да е лесно, бидејќи во битката се вовлечени многу добри тимови. Челзи е шампион, а и трансфер прозорецот беше фантастичен за нив. Ливерпул е добар тим. Арсенал исто така имаше добар трансфер период. Тотенхем е фантастичен тим. Тие се на пет поени зад нас. Се справуваме многу подобро од минатата сезона“, рече Мурињо.

Португалецот додаде дека Златан Ибрахимовиќ и Ерик Баји треба да се вратат во игра подоцна овој месец.

https://www.youtube.com/watch?v=9noR5LqmTwQ

Слични содржини