По една деценија доминација на Јувентус, дуваат нови ветришта во Серија А, па Наполи е на врвот по седум одиграни кола со максимални 21 поен.
Јуве сериозно заостанува и има дури 10 бода помалку од Наполи, а Рома е освежување благодарение на доаѓањето на Жозе Мурињо.
Португалецот дојде до победа над Емполи со 2:0, Наполи ја победи Фиорентина со 2:1, по што имаше директен телевизиски разговор помеѓу тренерите.
Мурињо уште еднаш ја покажа својата харизма на дело, го „пецна“ колегата Лучано Спалети и најави директен дуел.
„Спалетони, гранде, што правиш, сакаш да ги победиш сите, ќе загубиш во следниот меч на гости“, рече Мурињо, алудирајќи на фактот дека ќе дојде на мегдан со Рома.
По паузата за репрезентации, Рома ќе го пречека Наполи на 24 октомври, а Спалети низ смеа рече дека ќе се подготви за овој натпревар.
Инаку, Мурињо стана првиот менаџер кој немал пораз во Серија А во 42 натпревари по ред како домаќин.
Таа серија сака да продолжи против Наполи, откако веќе го престигна Масимилијано Алегри.