Мурињо среќен како дете по победничкиот гол, ниту Болт немаше да го стигне (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
215 прегледи

Фудбалерите на Рома го совладаа Сасуоло со 2: 1 во Серија А со голот на Ел Шарави во судиското продолжение.Ова беше 1.000 натпревар на Жозе Мурињо во неговата тренерска кариера.

Реакцијата по голот покажува колку значеше за него да го освои јубилејот.

Португалскиот тренер истрча со радост, а прашање е дали светскиот рекордер на 100 метри, Усеин Болт, би го стигнал.

Мурињо досега има постигнато 639 победи и има 25 трофеи. Најзначајни се пехарите што ги освои во Лигата на шампионите со Порто и Интер.

– Ги лажев сите. Со денови им кажував на играчите дека 1.000 -от натпревар не ми е важен, но имав неверојатен страв од пораз. За среќа, победивме и јас трчав како дете. Се чувствував како да имам 12 години, а не 58 – изјави Мурињо по натпреварот.

Слични содржини