Тренерот на Рома, Жозе Мурињо не можеше да ужива во победата над Кремонезе бидејќи Николо Заниоло си замина со повреда, а Жоржињо Вајналдум исто така заработи тешка повреда на тренинг ден претходно. Португалскиот стручњак јасно стави до знаење дека најверојатно клубот ќе реагира и ќе донесе замени за повредените.
„Честитки за Кремонезе. Во првите 20-25 минути имавме толку многу шанси што лесно можевме да го решиме натпреварот. Му честитам и на судијата бидејќи одлично се снајде“, изјави Мурињо.
„Не можам да кажам дека по многуте грешки играчите се исплашија, но тензијата се зголеми. На крајот гостите беа опасни во статичните ситуации, но ние не погрешивме и освоивме три важни бода“, продолжи Португалецот.
„Не е пријатно што загубивме фундаментален играч како Заниоло, особено по два доста емотивни дена. Николо ќе биде отсутен некое време. Загрижен сум, но плачењето нема да помогне. Ние правиме планови, а потоа двајца од нашите најважни играчи се повредуваат и не остануваат многу опции. Тоа е фудбалот, тоа се случува. Шефовите знаат што би сакал. Работиме заедно и ќе најдеме решение“, рече Специјалниот.
„Победивме два натпревари 1-0 по головите на одбранбени играчи, но тоа не ме загрижува. Допрва треба да доаѓаат голови од Николо, Пауло и Тами“, додаде Мурињо.