Португалскиот тренер Жозе Мурињо го напушти Тотенхем. Додуша, не по своја волја, туку по одлука на претседателот на клубот Даниел Леви. „Специјалниот“ на тој начин го напушта клубот каде помина нешто повеќе од година и пол и освои 0 трофеи.
Но, Португалецот нема да плаче. Тој заработи добри пари од отказот. Тој имаше договор со Тотенхем до 2023 година, а бидејќи решија да се ослободат од него, треба да му платат 35 милиони евра.
„Специјалниот“ инаку собра приближно 108 милиони евра од неговите разрешувања.
Челси му плати вкупно 35 милиони евра по двата откази, Реал Мадрид 19,5, додека според Манчестер јунајтед тој беше најкоректен, па затоа зеде „само“ 17,5 милиони евра.
Jose Mourinho money earned after sackings…
– 2007 Chelsea: £18m
– 2012 Real Madrid: £17m
– 2015 Chelsea: £12.5m
– 2019 Man Utd: £15m
– 2021 Tottenham: £30mA total of £93.5m 🤑😳#THFC pic.twitter.com/7xUVyEgTig
— The Sack Race (@thesackrace) April 19, 2021