Муртезани го прекрсти евроамбасадорот Дејвид во актерот Ричард Гир

од Nikola Popovski
117 прегледи

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани и шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, амбасадорот Дејвид Гир, денеска во просториите на Министерството за европски прашања одржаа протоколарна средба. На прес-конференцијата по неа, Муртезани направи мал лапсус при читањето на напишата изјава пред медиумите.

Имено, наместо Дејвид Гир, новиот министер го престави својот гостин како познатиот холивудски актер, Ричард Гир, по што набрзо беше поправен од присутните новинари. Ваквиот гаф наиде на смеа кај присутните лица.

Со усвојувањето на новиот Закон за организација на работата на органите на државната управа, поранешниот Секретаријат за европски прашања прерасна во Министерство за европски прашања кое ќе ја координира и усогласува работата на органите на државната управа и другите органи и институции за членство во Европската унија, а ќе ги координира и работите за преговори за членство во ЕУ.

Муртезани стапи на должноста на местото на поранешниот вицепремиер задолжен за ресорот за евроинтеграциите, Бојан Маричиќ.

Слични содржини