Муртезани-Ќучук: Цврста поддршка за напредувањето на С.Македонија кон ЕУ

од Nikola Popovski
11 прегледи

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска во Европскиот парламент во Брисел оствари средба со претседавачот на Комитетот за правни работи (ЈУРИ), Илхан Ќучук, член на парламентарната група „Renew Europe”, со цел размена на мислења за важни теми поврзани со соработката со Европскиот парламент во делот на евроинтегративниот процес.

Министерот Муртезани се заблагодари за конзистентната принципиелна поддршка на Европскиот парламент во контекст на политиката за проширување на ЕУ со земјите од ЗБ, нагласувајќи ја одличната соработка со Собранието на Република Северна Македонија преку дијалогот Жан Моне, кој претставува важен елемент на севкупниот ангажман на ЕУ за нашето европско досие.

Европратеникот Ќучук ја реафирмираше цврстата поддршка за напредувањето на Северна Македонија кон ЕУ и го нагласи значењето на континуираниот дијалог и конструктивниот ангажман како на билатерално, така и на европско ниво. Беше отворена и темата за именувањето на новиот известувач за Северна Македонија во Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) во Европскиот парламент.

На состанокот се разговараше и за можностите за зајакнување на билатералниот дијалог, со акцент на решавање на отворените прашања и промовирање на добрососедските односи.

Слични содржини