Муртезани: МЕПСО не побара зголемување на цената на струјата за 68%

од Nikola Popovski
263 прегледи

Директорот на МЕПСО, Орхан Муртезани демантира дека МЕПСО побарало покачување на електричната енергија за 68%.

-МЕПСО побара зголемување на тарифата за пренос за 68%. Ние сме регулирана компанија која што се занимава со пренос на струја со тарифа одредена од РКЕ. Комисијата одредува цена за пренос, вели Муртезани.

Тој истакнува дека МЕПСО нема друг основ на приход, освен тарифата.

-Ние сме во постојана комуникација со регулаторот. Набргу се очекува јавна расправа, каде што ќе ги дискутираме пресметките за покачување. Наше е само да доставиме документ и барање за надополнување на трошоците, рече директорот на компанијата во емисијата „Топ тема“.

 

Слични содржини