Муртезани му ја предаде функцијата на Рашиди: Го оставам МЕПСО со 22,6 милиони евра добивка

од Nikola Popovski
275 прегледи

Досегашниот директор на МЕПСО од редовите на Алтернатива, Орхан Муртезани на Фејсбук го објави своето разрешување со информација дека го остава операторот на системот за пренос на електрична енергија со 43 отсто реализирани инвестиции и добивка од 22,6 милиони евра во 2022 година.

Тој му ја предаде функцијата на досегашниот пратеник од Алијанса за Албанците, Сурија Рашиди.

-На 27 декември 2021 година го прифативме предизвикот да управуваме со АД МЕПСО, во екот на енергетската криза, со екстремно руинирана ликвидност на компанијата, многу грижи и неизвесности за иднината. Денеска го предаваме овој аманет што ни беше даден со рекорден процент на реализирани инвестиции од 43 отсто, со над 40 милиони евра во сметка и со фактот што МЕПСО годината 2022 ја затвори со рекордна добивка од 22,6 милиони евра или добивка од 798 проценти поголема од 2021 година. Горд сум за секој ден поминат на чело на оваа компанија. Им се заблагодарувам на членовите на Управниот одбор и на сите соработници за придонесот и безрезервната поддршка во оваа заедничко патување кон многуте успеси. Исто така му се заблагодарувам на претседателот Африм Гаши за довербата. До гледање, напиша Муртезани на својот фејсбук профил.

Слични содржини