Муртезани: На Таравари му дадовме „бел лист хартија“ да напише кои општини и листи ги сака, но на крај заврши во прегратките на Ахмети

од Марта Пешевска
131 прегледи

Во гостувањето во „Само интервју“, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, истакна дека новата влада не може да добие гаранции за влезот на Македонија во Европската Унија од ниту еден претставник или институција во ЕУ. Според него, таквите гаранции може да се обезбедат само преку воспоставување на меѓусебна доверба, искрена комуникација и дијалог, особено со бугарската страна која ја блокира европската интеграција на Македонија.

Во однос на изгласаниот кривичен законик, Муртезани рече дека му било срам кога патувал во Европската Унија и на секој состанок му го ставале пред него тој закон. „На секој состанок во Брисел ни го ставаат на маса срамниот кривичен законик што го донесе претходната влада, спротивно на сите препораки и апели од Европската комисија и претставниците на Европската Унија во земјата. Тие кои донесоа такви закони, според мене, не треба да се сфатат сериозно“, рече Муртезани.

Во однос на политичките случувања, министерот се осврна на напуштањето на владината коалиција на Арбен Таравари. „Таравари имаше можност буквално да избере кои општини и колку проценти од листите сака да добие од наша страна, но наместо тоа реши да оди самостојно на избори. Потоа отвори врата за соработка со ДУИ, а на крајот заврши во прегратките на Али Ахмети“, изјави Муртезани.

Слични содржини