Муртезани очекува „посмирен терен“ за преговори по изборите во Бугарија

од Nikola Popovski
23 прегледи

Министерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Орхан Муртезани смета дека по изборите во Бугарија, тамошната нова влада нема да биде во трка за собирање на гласови и ќе треба одредено време за транзиција од предизборие во реална политика. Според него, тогаш би имало посмирен терен за воспоставување на дијалог.

-Сега ние како земја скоро и да немаме меѓусебен дијалог, што е многу лошо, вели Муртезани во емисијата на „360 степени“ на МТВ околу најавите на Владата за обид за разговор со официјална Софија за спорот.

Муртезани тврди дека оваа Влада веќе е влезена во реална политика со користењето на уставното име на државата Република Северна Македонија.

-Не е инвестиција во иден дијалог и на тој начин помагаме во нивната изборна трка. Не сме проблем на граѓаните во Бугарија. Сметаме дека таквиот пристап е штетен, ако земеме во обзир дека Бугарија нас не блокираше. Нашиот пристап треба да биде внимателен, бидејќи со евентуално заострување на реториката, можеме да ги затвориме и тие врати што мислиме дека можат да се отворат по изборите, рече министерот запрашан за говорот на вицепремиерот Александар Николоски, кој за екс-премиерот на Бугарија и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов рече: „Од мене бараат оставка политичари кои што се обвинети за криминал и корупција, политичари кои што ги видовме на слики како спијат на кревет покрај пачки со злато и стотици илјади евра во девизии“.

Слични содржини