За последните пораки од официјален Брисел дека уставни измени со одложено дејство се незамисливо нешто што би можело да помине како и промени на Преговарачката рамка, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани вели дека нивното инсистираше не е за конкретно решение туку за реализација на понатамошниот процес за пристапување во ЕУ.
Според него, секое решение кои сметаат дека го обезбедува процесот на пристапување во ЕУ, за нас ќе биде прифатливо.
-Тие решенија што значат, останува да се решава низ процес на преговори. Нашата позиција е да се заштитиме од понатамошно блокади. Дали ќе бидат гаранциите од соседна Бугарија, од некоја институција или ќе го направиме билатерално, не е толку битно, колку што е битна содржината. Ние како земја и како Влада да бидеме сигурни дека овој процес ќе заврши, рече министерот пред почетокот на панел-дискусијата: „Зајакната соработка во процесот на ЕУ интеграција преку Реформската агенда“.
Муртезан е заинтересиран да ја посети Бугарија во наредниот период, но вели дека подобро е да се причека да се исцрпат сите можности.
-Иако не изгледа така лесно дека ќе се формира нова влада (во Бугарија), не се исцрпени сите можности оти на неколку наврати ни беше кажано дека техничка влада од друга страна нема да се нафати за добрососедски дијалог, а уште помалку за покомплексни прашања, кажа главниот преговарач со ЕУ.