Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани порачува дека процесот на европската интеграција на Македонија не е само бугарското вето. Сепак, според него, процесот не е блокиран, тој е жив и продолжува во многу сегменти.
-Бугарското вето подразбира пречка за отворање на преговорите според Преговарачката рамка. ЕУ преку Планот за раст им овозможува пристап на граѓаните од Западен Балкан во услуги кои ексклузивно биле само за членките на ЕУ. Граѓаните може да бидат дел од бенефиции и поволности. Кога сме во делот на отворање на преговорите, секогаш сме покажувале спремност, но, за жал тендецијата на билатерализација ги потврдува нашите размислувања дека билатерализацијата ќе продолжи и понатаму, кажа Муртезани на прес-конференција во Владата.
Министерот оценува дека претставниците од Бугарија и високите функционери од ЕУ немаат ист став кога се зборува за македонското прашање. Муртезани смета дека се е билатерализирано.
-Ние како Влада не се плашиме од барања, но, тие нови барања да не бидат билатерални и да не се претворат во блокади, кажа Муртезани.