Министерот за европски прашања и член на ВЛЕН, Орхан Муртезани утрово посочи дека нашето инсистирање за европскиот на Македонија не е на еден конкретен предлог туку на начин да стигнеме до нашето инсистирање да нема билатерализација на процесот. Муртезани го повтори ставот на премиерот Христијан Мицкоски дека е подготвен за разговори, но, како што вели, неопходно е да ѝ веруваме на ЕУ и да почнеме да градиме меѓусебна доверба со Бугарија.
За политичката сцена и превирањата во албанскиот политички блок, Муртезани беше запрашан дали има најави за други пратеници кои може да се приклучат кон коалицијата ВЛЕН.
-Сите овие случувања во делот од АА предводена од Таравари се знак дека одлучноста на структурите таму и спремноста е многу поголема да не завршат во прегратките на Али Ахмети од калкулациите на Таравари. Според наши неофицијални информации, тие ќе продолжат и револтот кај сите поддржувачи, симпатизери и функционери таму е многу голем. Така да, да почекаме и наредните денови. Мислам дека тој тренд ќе продолжи, рече министерот кој доаѓа од редовите на партијата Алтернатива.