Муртезани за уставните измени: Брисел ја разбира суштината на тоа што го оспоруваме

од Nikola Popovski
29 прегледи

Ќе повторам дека тоа не е предлог што не се отфрла целосно. Брисел ја разбира суштината на тоа што ние го оспоруваме и тоа создава простор да дојдеме до заеднички прифатливо решение, рече министерот за евроинтеграции и главен предговарач со ЕУ, Орхан Муртезани запрашан кој би бил вториот план откако Брисел и другите поголеми земји ја одбиле идејата за уставни измени со одложено дејство.

На денешната трибина во Владата, насловена како „Платформа 2: 100% Посветени за тебе“, Муртезани истакна дека како земја ќе треба да ги исцрпиме сите можности, да сме креативни и во постојана комуникација со нашите партнери, бидејќи како што вели, постои простор за потенцијално решение.

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен во четврток доаѓа во Македонија. Ќе се разговара за нашите евроинтеграции и како да се деблокира европскиот пат.

Во игра се уставни измени со одложено дејство, но идејата за ова во Бугарија не помина добро, бидејќи официјална Софија децидно порача дека внесувањето на Бугарите во Уставот е главниот услов на кој Македонија се согласи со прифаќањето на францускиот предлог, кој стана Преговарачка рамка со ЕУ.

Слични содржини