Муртезани загрижен поради назначувањето на Богојески, реагирал до Владата

од Nikola Popovski
75 прегледи

Ние како Министерството за европски прашање немаме надлежности врз таа Агенција ниту во менаџерирање ниту во именувањето на директорот. Ова прашање колку што е во надлежност на Министерството за образование. Ја споделувам вашата загриженост. Можеби процесот на именување требаше да биде повнимателен, изјави денеска еден од членовите на ВЛЕН и министер за европски прашања, Орхан Муртезани запрашан од новинарите дали учествувал во именувањето на Петар Богојески за нов директор на Националната агенцијаза европски образовни програми и мобилност.

Како што додава, Муртезани не се гледа себеси како одговорен да даде одговор на нешто што не е надлежен. Вели дека веќе реагирал до Владата.

-Остануваме да видиме како понатаму ќе се постапи, истакна главниот европски преговарач на земјава на денешната прес-конференција со неговиот унгарски колега Јанош Бока.

Фото: Локално

Слични содржини