Муса Џафери го направил “раздорот” меѓу другарите од воените денови Ахмети и Острени?

од desk3
103 прегледи

Некогашните најдобри другари по идел Али Ахмети и генералот на ОНА Гзим Острени, се разделија и тргнаа засебно по политичкиот пат. Генералот ја формираше новата партија УНИТЕТИ.

муса
Како што брифираат партиски извори за локално.мк, кавгите околку Ахмети и Острени потекнуваат уште од 2008 година кога Генералот инистирал Муса Џафери да не добие функција во власта поради криминализираност. Ахмети тогаш го послушал другарот од воените денови.

Но, сепак притисоците на Муса Џафери и неговите слиедбеници успеале да издејствуваат кај Ахмети, тој подоцна да се најде во Владата.

Кај партиското членство на ДУИ има огромно незадоволство од Џафери и неговите поддржувачи , од тоа дека и бомбите ја покажале неговата блискост со Мијалков, до криминалите кои и се припишуваат на партијата, особено по сведочењето на Слободан Богоевски за американскиот суд за аферата Маѓар телеком.

Она што ги тангира внатре-партиските опозиционери, е дали Џафери од тендерите кои биле наменети за партијата завршиле во банкарските сметки на Џефри ,наводно во Швајцарија.