Мусака со тиквички, месо и кашкавал

од Stefanija Kuzmanovska
255 прегледи

Една од повкусните варијанти на ова јадење.

Состојки:

– 1 кг тиквички

– 500 гр мелено говедско месо

– 400 гр моцарела

– 2 главици кромид

– 4 јајца

– 200 мл пасирани домати

– сол, бибер и други зачини по желба

– масло за пржење

Подготовка:

Тиквичките излупете ги и исечете ги по должина. Ставете ги во поголем сад, добро посолете ги и оставете ги да отстојат додека не пуштат вода. После тоа исцедете ги и исушете ги.

Кромидот ситно се сечка и се пржи на малку маснотии. Додадете го говедското месо, па пропржете го заедно со кромидот додека не добие убава кафена боја. Додадете сол, бибер и додадете други зачини по желба.

Додадете ги пасираните домати и гответе на умерена температура додека не стане густ и компактен.

Јајцата се матат и се додава павлаката, се убаво се меша, а моцарелата се сече на тенки кришки.

На дното на подмачкан сад за печење ставете ред тиквички, врз тиквичките намачкајте две-три лажици месо со сос од домати, па прелијте со сос од јајца и павлака, па одозгора наредете прстени од моцарела. Постапката повторете ја додека не ги потрошите сите намирници.

Ставете ја мусаката во рерна загреана на 180 степени и печете околу 40 минути.

Слични содржини