Пет дена по убиството на свештеникот Жак Амелија што ја затресе Франција, многу муслимани го изразија денеска ужасот од џихадизмот, и посетија црковни миси во Франција и во Италија, пренесоа агенциите, повикувајќи се на Франс прес.

Повеќе од сто муслимани и околу 2.000 христијани присуствуваа на утринската миса во катедралата во Руан, и така оддадоа почит на 85-годишниот свештеник убиен во вторникот во црквата во кој се наоѓа недалеку град Сент Етјен ду Рувре од двајца 19-годишни џихадисти.
Архиепископот на Руан Доминик Лобран го нарече тоа храбар гест и доказ дека верниците муслимани го отфрлат користењето на насилство во името на Бог.
Во Бордо, Ница и париската катедрала Света Богородица исто така беа организирани миси, на кои дојдоа главните имами од трите града, заедно со други верници.
Сите тие се јавија на повикот на Францускиот совет на муслиманската вероисповед – репрезентативната институција на исламот во Франција – да одат денес на миса во знак на солидарност и сочувство по убиството на Амелија.
Во Италија, од Милано до Палермо, имами, религиозни дејци и обични верници муслимани исто така, присуствуваа на миси.
“Со муслиманските браќа, кои дојдоа денес тука, се молиме на Господ да ни подари мир”, рече епископот од Неапол Џенаро Акампа.
Муслиманска делегација отиде и во црквата Санта Марија во соседството Трастевере на Рим по повик на Италијанската исламска конфедерација.
Повикот на оваа организација, сепак не беше усвоен уникатно од сите муслимани во Италија, кои се над еден милион и кои често ги критикуваат италијанското општество, дека не е доволно отворено кон нив.
“Нема да одам во црква. Секој сам си одлучува, но повеќето муслимани во Италија нема да одат”, рече за “Стампа” Омар Камилети, еден од менаџерите на најголемата џамија во Рим, според кого тоа е само шоу, што нема да реши ништо.