Во своето гостување на 24 анализа, политичкиот аналитичар, Алберт Муслиу ја прокоментира состојбата во Америка по однос на прашањата на Балканот, како и нивниот статус по однос на преговорите со Бугарија и евроинтеграциите на С.Македонија.
„Ние имаме посебен договор со САД, и оттаму не е чудно што имаме поддршка од таа земја дури и во евроинтеграциите. Бајден чинам дека една од првите работи што ќе ги направи е кам бек во Парискиот договор за живтоната средина. Мултилатеризмот со Бајден сметам дека само ќе зајакне. Оваа администрација добро го знае Балканот. Ни недостасуваше Америка во евроинтеграциите, и оптимист сум дека наскоро ќе се ангажираат за решавање на овие прашања. Тие сакаат да го стабилизираат овој регион. Ние ќе бидеме во фокусот и тоа не е спорно. Ако овој проблем помеѓу Бугарија и С.Македонија опстане, тогаш прашањето за евроинтеграциите на Србија ќе се сведе на нула. Но, ние исто така, во овој однос треба да се однесуваме добро. Мислам, дека имаме големи шанси да ја добиеме преговарачката рамка, и овој статус долгорочно и за нашите пријатели во САД не одгвара“, истакна Муслиу.