Муслиу: Џафери има обврска да докаже дека и со премиер Албанец, државата нема да пропадне

од Nikola Popovski

На Талат Џафери кај нас или кај неговиот електорат каде што го бираат, гледаат како на принципиелен човек кој нема некоја афера. Тој не е паднат преку лотарија таму каде што е сега, изјави вечерва политичкиот аналитичар, Алберт Муслиу.

Прилично сум сигурен, додава Муслиу, дека техничкиот премиер Џафери е еден од политичарите кој не ги сменил своите секојдневни манири.

-Сигурен сум дека достоинствено ќе ја врши својата работа и тоа му е првичната обврска, да му докаже на општеството дека и со премиер Албанец, државата нема да пропадне и да се тргнат стереотипите. Ние како општество сме зборувале дали Албанец може да врши функција и кога тоа ќе се надмине, мериторниот систем сигурно ќе биде повеќе вклучен во целиот процес, кажа Муслиу во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини