На Талат Џафери кај нас или кај неговиот електорат каде што го бираат, гледаат како на принципиелен човек кој нема некоја афера. Тој не е паднат преку лотарија таму каде што е сега, изјави вечерва политичкиот аналитичар, Алберт Муслиу.
Прилично сум сигурен, додава Муслиу, дека техничкиот премиер Џафери е еден од политичарите кој не ги сменил своите секојдневни манири.
-Сигурен сум дека достоинствено ќе ја врши својата работа и тоа му е првичната обврска, да му докаже на општеството дека и со премиер Албанец, државата нема да пропадне и да се тргнат стереотипите. Ние како општество сме зборувале дали Албанец може да врши функција и кога тоа ќе се надмине, мериторниот систем сигурно ќе биде повеќе вклучен во целиот процес, кажа Муслиу во емисијата „24 анализа“.