Муслиу: Може да се добие модифициран француски предлог со македонските барања

од Nikola Popovski
256 прегледи

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу смета дека може да се добие модифициран францускиот предлог со македонските барања.

-Реално е можно, не се голем број прашања кои не се договорени. Две позиции се – едната за протоколот да не биде дел од преговарчаката рамка и втора е да се отпочнат преговорите без да се завршат уставните промени. Ако се добие согласност, нема пречки да се одржи таа Прва меѓувладина конференција, каде ќе почне отворањето на тие преговарачки поглавја. Рамката која е дадена во Бугарското собрание е поширока од Резолуцијата која ја донесоа во 2019 година, ја дава таа можност на бугарската страна да го тргне ветото. Мислам дека тоа што Петков со неговиот пристап и го наведе Бугарското собрание да решава, му дава можност да се одблокира процесот. Во целиот процес на преговарање има моменти кога било која земја-членка може да го блокира процесот, вклучувајќи ја и Бугарија, но од морален и политички аспект може да се надмине тоа и да се случи во наредните денови, вели Муслиу во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини