Муслиу: Не можеме утре да ја затвориме границата со Бугарија – не сме во вонредна состојба

од Nikola Popovski
195 прегледи

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу смета дека Бугарија има погрешна стратегија во односите со Македонија.

-Во чествувањето нашите институции имаат обврска да постапуваат согласно законот, ширум отворени очи и да реагираат на било каква провокација. од друга страна, нема друго што да направат. Не можат да ја затворат границата – ние не сме во вонредна состојба, па да кажат утре во Македонија не се влегува. Ние овде сме имале посебно безбедносни протоколи кога иделе важни политичари. Бугарскиот министер за внатрешни работи беше овде и мене лично неговиот настап ми беше за поздравување. Покажа дека и од бугарската страна има кооперативни политичари кои сакаат да ја спуштат топката. Исто така ние не треба да дозволиме 15 бугарски видни личности да ги нарушат односите. Ние не треба да генерираме љубов од бугарската страна, туку да продолжиме со европската интеграција, рече Муслиу во емисијата „Топ тема“.

Слични содржини