Муслиу: Нека го сменат изборниот модел ако не сакаат политички трансфери

од Aleksandar Petrovski

Во интервју за 24 Вести политичкиот аналитичар Алберт Муслиу изјави дека е изненаден од реакцијата на еден од лидерите кои се пожали дека некој се обидува да ги придобие пратениците кои го добиле мандатот од нивната листа. Тој смета дека тоа не е практика само во нашиот парламент, туку постои и во високо развиените демократии, како на пример во САД.

„Јас верувам дека такви разговори со пратеници има, но сепак, новото мнозинство, новата влада ќе се раководи од програма. Ако во преговорите за таа програма и за постигнување компромиси се постигнат целите на тие групи, тогаш нема дилема дека такво нешто би се случило“, вели Муслиу.

За да не се отвара повторно истото прашање, Муслиу сугерира измена на изборниот модел.

Слични содржини