Муслиу: Нема суштински причини да не се направат уставните измени – една Шведска го измени Уставот, за да стане членка на НАТО, која е економска и воена велесила за нас

од Nikola Popovski
213 прегледи

Треба да бидеме покоректни бидејќи ова општество понекогаш е заглавено во проблеми кои не се реални. Не воведуваат во неделни или дневни афери и како општество не можеме да ја видиме големата слика. Сум за уставните измени, ако нема суштински причини да не се направат. Суштински причини не сум видел од никого, освен како одговор дека е бугарски диктат, оценува политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.

Според него, оваа прегорачка рамка што ја имаме е предлог на сите земји-членки на Унијата.

-Бугарија е членка, а ние овде губиме месеци да ги едуцираме нашите соседи дека се однесуваат некоректно. Некоректност има во процесот уште повеќе. Една Шведска го измени Уставот, за да стане членка на НАТО, која е економска и воена велесила за нас. Ја сменија суштината на нивното секојдневие и станаa малку понелиберални во однос на граѓанското здружување поради забелешките од Турција и тоа не е мала работа. Тие со нивниот принцип живееле од нивното формирање. Ние имаме најмал процент на европски вести во нашите вести, рече меѓу другото Муслиу во емисијата „Студио 10“.

Слични содржини