Муслиу: Опозицијата не му оставаше многу простор на Таравари да не оди во овој правец

од Radmila Tasevska

Во вечерашното гостување во „Само вистина“ на телевизија Канал 5, аналитичарот Алберт Муслиу, вели дека Алтернатива, која ние сметаме дека губи со влегувањето на Алијанса мисли дека во политичка смисла добива зашто таа беше цел на големи напади нели нарочито од Алијанса и од опозициски настроените гласачи.

– Во политиката ништо не е статично, сè се движи значи нема тука статика, денес се ќе искажеш и тоа нема да се промени и второ па и целиот наратив на опозицијата неверувам дека му оставаше многу простор на Таравари да не оди во овој правец, вели Муслиу.

Додава дека, главна тема беа односите со Бугарија, главна тема беа евроинтеграциите, сега електоратот и на Таравари и на Ахмети и на Села и на БЕСА и на сите е јасно деклариран дека е за по европскиот пат.

– И вие наративот ако го терате во тој правец не му оставате голем простор, рече Муслиу.

Тој вели дека сите ние се залагаме, него кога Европа ви поставува некои услови ако вие не чините ништо тие да ги надминете тогаш вие сте само декларативно.

– Во овој процес на вклучување на Алијанса во владиното мнозинство, сите по нешто губат и сите по нешто добиваат. Дури и Алтернатива, која ние сметаме дека губи со влегувањето на Алијанса мислам дека во политичка смисла добива зашто таа беше цел на големи напади нели нарочито од Алијанса и од опозициски настроените гласачи зашто влегува во Влада сега таа си добива аргументи дека тоа е цел на политичките партии, изјави Муслиу во вечерашното гостување во „Само вистина“ на телевизија Канал 5.

Слични содржини