Во контекст на руската агресија на Украина, нема конвенционална закана за Македонија. Конфликтот е далеку, сепак ние сме членка на НАТО. Индиректно можам да кажам дека постојат закани. Ние од три страни граничиме со држави кои се наши сојузници во НАТО. На север ја имаме Србија која е неутрална држава. Го имаме и Косово каде што огромно е присуството на КФОР, а имаме и нашите трупи таму, вели директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу за тоа дали постојат директни безбедносни закани кон нашата земја.
Доколку ја анализираме последната изјава на Москва, вели Муслиу, делот дека се добро организирани го отфрламе на страна и останува делот дека се непредвидливи.
-Поентата е во тоа што во изминатите месец и пол се почесто слушавме можност з аупотреба на тактичко нуклеарно оружје. Индиректно постојат закани и тоа се хибридните закани, рече Муслиу во емисијата „360“.