Приоритетите кои се содржани во новата владина програма се токму она на кое треба да се фокусира идната извршна власт оценува аналитичарот Алберт Муслиу за ТВ 24.

Според него неопходно е прочистување на судството, но и значајно место во приоритетите треба да биде борбата против корупцијата, за што и не случајно е формирано новото министерство со кое ќе раководи Љупчо Николовски.
Според Муслиу иако парламентарното мнозинство брои 62 пратеника тоа е сосема легитимно да донесува клучни одлуки на патот на евроинтегративните процеси.